Новиот GLA.

Секогаш во движење.

Широко отворени очи и одлично расположение. .

Моќни контури на капакот на моторот. Повеќе избор на боја меѓу кои и мат бојата designo mountain grey. Звучи возбудливо. И изгледа уште подобро. Имате избор од три дизајн линии и опрема - Style, Urban и AMG линија. Плус “Night” пакетот како дополнителна опција. Дајте им слобода на Вашите идеи.

Почувствувајте ја динамиката. Нека ве полазат морници.

Го сакате градот, но навистина оживувате само кога сте далеку од него? Имате нешто заедничко со новиот GLA. Како само што излезен на слобода, ги брка свиоците, крева прашината зад себе и секогаш е подготвен за долго патување. Има толку многу аспекти на него, но најдоброто е што можете да додадете уште повеќе со еден допир на копче. DYNAMIC SELECT опцијата значи четири програми на возење, за спортско или комфорно искуство во возењето. Заедно со системот за погон на сите тркала 4MATIC, има дури и дополнителна конфигурација за возење вон патот.

Надвор од патот и далеку.

Тргнете кон нови места: оддалечено село во планините, пуст залив или срцето на градот. 4MATIC системот за погон на сите тркала е подготвен за било која авантура - и е достапна кај многу наши мотори. Тоа го прави возењето осетно побезбедно и подинамично - и не само на неасфалтирани патиштата.