E-Класа Кабриолет.

Ремек дело на интелигенцијата.

Ви треба добра причина да го затворите покривот.

И нема подобра причина од самиот покрив. По акустичниот покрив од ткаенината, нема кој нема да се заврти, токму затоа заслужува да биде прикажан, и се вклопува со спортско елегантната силуета на возилото. Дизајнот се заокружува со динамичните LED задни светла кои изгледаат како да се направени од кристали, кои го нагласуваат смирувачкиот карактер на овој уникатен кабриолет.

Ниту еден облак на повидок. Но, се чувствува како да лебдите во облаци.

Опционалната воздушна суспензија со повеќе комори AIR BODY CONTROL обезбедува неспоредлива префинетост. Не постои помирен, потивок и полесен начин да уживате во својата, ново освоена независност. Или да си дозволите да Ве занесе: искористете ја DYNAMIC SELECT функцијата за да изберете "Sport" или  "Sport +" режим, и да ги искусите свиоците на исто ниво, како со спортски автомобил. Ова може да Ви го понуди само новиот Е-Класа Кабриолет.

Запрете за момент!

Погледнете убаво: црвената rubellite red металик боја, светкавата дијамантска решетка на ладилникот - новата E-Класа Кабриолет сјае како скапоцен камен. Едноставно погледнете како ексклузивната боја се прелева на сончевите зраци. Од својата црвеникава нијанса до речиси црно. Спектакл кој можете да го доживувате повторно и повторно, секгаш кога излегува сонцето.