AMG CLS Купе.

Дизајн. Осветлување.

Mercedes-Benz Intelligent Drive.

Удобност која дава енергија и безбедност за пример

Дали сте заглавени во сообраќај, или сте на долго ноќно возење или возите по непознат пат – Вашата C – Класа е тука да Ве опушти, особено во стресни ситуации. Ова е концептот кој го прави секое Ваше патување во Mercedes-Benz безбедно и единствено: Mercedes-Benz Intelligent Drive. Бидејќи времето поминато зад управувачот е Ваше време. Време за релаксација. Време за обновување на Вашата енергија, со цел да пристигнете безбедно на Вашата дестинација, а притоа да бидете и целосно опуштени.

Активна заштита од судири одзади.

COLLISION PREVENTION ASSIST PLUS комбинира радарско предупредување за одржување растојание, со асистенција при сопирање и делумно автономно сопирање.

Ако раздалеченоста од возилото напред е премногу мала, системот му дава на возачот визуелно предупредување. Ако постои опасност од судар, се емитува звучен предупредувачки сигнал; потоа сопирањето на возачот може да биде поддржано, или ако возачот не реагира, брзината на возилото може самостојно да се намалува.

„Night” пакет

Впечатливи елементи во црна боја го нагласуваат спортскиот карактер на CLS Купето.
“Night” пакетот е на основа на AMG линијата и додава црни елементи, како решетката на ладилникот, надворешните ретровизори и алуминиумските тркала.