Создава повторно чувство на восхит.

C-Класа Кабриолет.

Повеќе од достоен за внимание.

Сè е фокусирано на Вас. Инструментите се совршено наредени - нивното работење е едноставно и интуитивно. Опцискиот Head-up екран ги проектира најважните информации во Вашето поле на гледање. Ова може да биде моментната брзина, моментните ограничувања на брзина или инструкции од навигацискиот уред, во зависност од опремата на автомобилот. Ги гледате информациите како лебдеат над предниот капак на мотор, на оддалеченост од два метри од Вашите очи.

Вашиот пулс забрзува – вратете го назад.

Врвот. Конечно можете да земете здив. Одеднаш застанувате. И фрлате поглед врз ексклузивниот изглед на висококвалитетниот ентериер. Од динамично дизајнираната централна конзола до контролите и украсните елементи во сребрена хромирана боја. Материјалите Ви даваат пријатно чуство на допир. Потоа го зграпчувате мултифункцискиот три-крак управувач. И ја продолжувате Вашата потрага по свиоци.

Острина во движење.

С – Класа Кабриолетот едноставно го постигнува забрзувањето. Дијамантската предна решетка е цврста изјава за чисто задоволство при возењето. Препознатливите дизајнерски линии на предниот капак на моторот покажуваат само во една насока: напред, кон широките отвори за воздух и стандардните LED светла кои претставуваат круна на агресивниот дизајн.