Заведува за миг.

Атлетски, енергичен и експлозивен: C – Класа купе, не можете да ја игнорирате.

Дизајн. 

Со чист и сензуален дизајн, С – Класа купе се однесува атлетски и спортски на кој било пат, а притоа се истакнува со ултра модерниот луксуз. Неговата внатрешност ја подигнува елеганцијата и стилот на едно ново спортско ниво.

Автоматска возбуда.

Спортски перформанси, релаксирачка удобност и модерна ефикасност – со С – Класа купе нема потреба од убедување. Во зависност од изборот на моторот, новиот 9G-TRONIC – 9 степен автоматски менувач, доаѓа како стандард или како опција. Брзо, дури и незабележителното менување на брзините придонесува за одличната агилност. Менувачот, исто така има опција да прескокне некои брзини со цел добивање брзи и силни спринтови.

Mercedes-AMG.

Доживејте интензивно задоволство при возењето и возбудливи перформанси. Со Мercedes-AMG Ве уверуваме: секогаш одиме чекор натаму за да го претвориме она што е технички изводливо во неповторлива реалност. Со тоа, исклучителни моторни возила се создаваат за исклучителни луѓе. Добредојдовте во светот на Mercedes-AMG.