AMG C-Класа Лимузина

Најдоброто нема алтернатива.

Mercedes-Benz Intelligent Drive.

Дали сте заглавени во сообраќај, или сте на долго ноќно возење или возите по непознат пат – Вашата C – Класа е тука да Ве опушти, особено во стресни ситуации. Ова е концептот кој го прави секое Ваше патување во Mercedes-Benz безбедно и единствено: Mercedes-Benz Intelligent Drive. Бидејќи времето поминато зад управувачот е Ваше време. Време за релаксација. Време за обновување на Вашата енергија, со цел да пристигнете безбедно на Вашата дестинација, а притоа да бидете и целосно опуштени.

Вистинска интерпретација на моќ.

Во врвна форма: еден начин да се опише, како себе си се претставува Mercedes-AMG C 63 S. Осумте цилиндри во внатрешноста на AMG 4.0-литарскиот V8 битурбо мотор работат немилосрдно. Само еден допир на педалата за гас е доволно за да се дознае зошто внатрешноста е тркачки болид: од 0 до 100 км / час за 4,0 секунди - тоа не е забрзување, тоа е предизвикување на законите на физиката. И како што му доликува на вистинско AMG, надворешноста е прекрасен спој на изглед и функционалност, што ја прави желбата да влезете веднаш и да ги искусите тие 375 kW (510 кс) на пат, и повеќе од огромна.

Mercedes-AMG.

C-Класа лимузина претставена од AMG.
AMG "Возење перформанси". Чиста фасцинација и импресивна динамичност  - интеракцијата помеѓу високотехнолошкиот погонски систем, суспензијата на возилото и максималната персонализираност при изборот на поставките Ви озвозможува вистинско AMG искуство при возењето. Mercedes-AMG C-Класа е достапна во три варијанти на моторот.