Mercedes-Benz

120 јубилејни години на името Mercedes – девојчето по кое е добиено името Mercedes

Додека траат деновите на ограничено или целосно забрането движење, Mercedes-Benz Мак Аутостар иницира циклус на приказни, како дел од активноста #останетедомаприказни, која има за цел преку објавување на забавна и информативна содржина, да  помогне, што е можно полесно и побргу луѓето да ги поминат овие денови. Следете не’.

#останетебезбедни #останетездрави

 

Таа далечна 1900-та година, одбележа многу интересни случувања, како на пример, тогаш премиерно во Рим, била изведена познатата опера Тоска на италијанскиот композитор, Џакомо Пучини. За љубителите на спортот е значајно бидејќи е формиран фудбалскиот клуб Лацио, додека во светот на сообраќајот, во Њујорк е воведен првиот воопшто во светот, електричен автобус. Во тоа време, Скопје броел околу 30 илјади жители и само што почнува со работа првата пошта со телеграфски услуги.

Но, пред 120 години, кога се уште е на почеток и автомобилската индустрија, едно 11-годишно девојче станува симбол на првата луксузна автомобилска марка во светот.

 

На 2 април 1900 година, германската фабрика за автомобили, Дајмлер-Моторен-Гезелшафт одлучува да ги нарече своите автомобили Мерцедес, по ќерката на Емил Јелинек. 

Кој е Јелинек?

Тој е австриски бизнисмен, кој живеел во Ница и тесно соработувал со фабриката Дајмлер. Тој бил трговец со автомобили, но во исто време и организатор на автомобилски трки. 

Првото возило со име на неговата ќерка, го носи називот Mercedes 35 PS, кое било вистинска сензација, победувајќи на трката во Ница, во 1901 година. Автомобилот е уникатен бидејќи поседувал напредна технологија, а во исто време и елегантен дизајн. Со појавувањето на овој автомобил со моќност од 35 коњски сили, тогашните медиуми напишаа „Влегуваме во ерата на Mercedes“.

Од тогаш автомобилите на фабриката Дајмлер, на предната решетка го носат името Mercedes. Подоцна, со спојувањето со фабриката Benz, го добива денешното име, Mercedes-Benz.

Инаку, до денес, Mercedes-Benz е единствената автомобилска марка која носи женско име. Со ова, ќерката на Јелинек, Мерцедес, како и сопругата на Бенц, Берта, која инаку прва го управувала, првиот автомобил во светот, се двете најважни личности од понежниот пол, кои го обликуваа успехот на врвниот автомобликси бренд, Мерцедес.

 

#останетедомаприказни

Mercedes-Benz Мак Мак Аутостар