Mercedes-Benz

120 јубилејни години на името Mercedes – девојчето по кое е добиено името Mercedes

Додека траат деновите на ограничено или целосно забрането движење, Mercedes-Benz Мак Аутостар иницира циклус на приказни, како дел од активноста #останетедомаприказни, која има за цел преку објавување на забавна и информативна содржина, да  помогне, што е можно полесно и побргу луѓето да ги поминат овие денови. Следете не’.

#останетебезбедни #останетездрави

 

Таа далечна 1900-та година, одбележа многу интересни случувања, како на пример, тогаш премиерно во Рим, беше изведена познатата опера Тоска на италијанскиот композитор, Џакомо Пучини. За љубителите на спортот е значајно бидејќи беше формиран фудбалскиот клуб Лацио, додека во светот на сообраќајот, оваа година беше особено важна бидејќи Лондон ја доби својата прва подземна железница, а Њујорк, првиот воопшто во светот, електричен автобус. Во тоа време, Скопје броел околу 30 илјади жители и само што почнува со работа првата пошта со телеграфски услуги.

Но, пред 120 години, кога се уште е на почеток и автомобилската индустрија, едно 11-годишно девојче станува симбол на врвни автомобили и прва луксузна марка на автомобили во светот.

 

На 2 април 1900 година, германската фабрика за автомобили, Дајмлер-Моторен-Гезелшафт одлучи да ги нарече своите автомобили Мерцедес, по ќерката на Емил Јелинек

Кој е Јелинек?

Тој е австриски бизнисмен, кој живеел во Ница и тесно соработувал со фабриката Дајмлер. Тој бил трговец со автомобили, но во исто време и организатор на автомобилски трки. 

Првото возило со име на неговата ќерка, го носи називот Mercedes 35 PS, кое беше вистинска сензација, победувајќи на трката во Ница, во 1901 година. Автомобилот беше уникатен бидејќи поседуваше напредна технологија, а во исто време имаше и елегантен дизајн. Со појавувањето на овој автомобил со моќност од 35 коњски сили, тогашните медиуми напишаа „Влегуваме во ерата на Mercedes“.

Од тогаш автомобилите на фабриката Дајмлер, на предната решетка го носат името Mercedes. Подоцна, со спојувањето со фабриката Benz, го добива денешното име, Mercedes-Benz.

Инаку, до денес, Mercedes-Benz е единствената автомобилска марка која носи женско име. Со ова, ќерката на Јелинек, Мерцедес, како и сопругата на Бенц, Берта, која инаку прва го управувала, првиот автомобил во светот, се двете најважни личности од понежниот пол, кои го обликуваа успехот на врвниот автомобликси бренд, Мерцедес.

 

#останетедомаприказни

Mercedes-Benz Мак Мак Аутостар