Новиот Actros.

Добродојдовте во нова димензија.

Совршено прилагодени на барањата на иднината - а со тоа и на Вашата.

Почнувајќи од предниот како и на изгледот на предната решетка, потоа кон покривот, впечатливиот надворешен дизајн со специфичниот стил за транспорт на долги релации, му овозможуваат на новиот Actros нова визуелна димензија. 
Земете, на пример, осветлувањето, пријатниот амбиент и јасна поделба помеѓу работното и местото за одмор. Со кабини насочени кон исполнување на своите мисии, новиот Actros поставува нови стандарди, со зголемени димензии за работа и одмор при извршување на долги транспорти: Кабините се со ширина од 2.500 мм и стандардно поседуваат еднокатно ниво.Висината на стоење меѓу седишта е 2,13 м и значително многу повеќе простор во однос на својот претходник.Кабините со ширина од 2300 мм се достапни опциски со континуирано ниво на подот или со моторен тунел со две верзии на висина.

Поефикасен од кога и да било.

Новиот Actros е опремен со многу иновации кои овозможуваат заштеда на потрошувачка на горивото: се постигнува зголемена економичност до 7% со Euro V во споредба со неговиот претходник. Како дополнение на Euro V и EEV, новиот Actros е еден меѓу првите камиони кои се достапни со мотори кои ги исполнуваат Euro VI стандардите за емисија и со кои постигнуваат заштеда на гориво до 5% во споредба со претходните со Euro V стандардот. 
Како последна иновација: Систем за предвидлива контрола на погонот - иновација која овозможува да се земат предвид при менување на степенот на пренос, надолнините и нагорнините кои наидуваат на патот и со помош на кој се обезбедува дополнително намалување на потрошувачката на гориво за 5%.

More dynamic than ever.

За доживување на поголемо задоволство при возењето, новиот Actros е опремен со нова иновативна задна оска на 4x2 возила, прецизен систем за управување, како и поширока и поцврста конструкција. Во комбинација со стандардниот автомстаки менувач PowerShift 3 и дополнителните модови за трансмисија, како и напредните мотори кои на располагање се 4 големини на зафатнина и 16 верзии на излезна моќност, почнувајќи од 175 kW до 460 kW, обезбедува економично, но и вистинско задоволство при возењето. Капацитетот на резервоарот за гориво е од 1420 литри за 4 x 2 влекач.