Верзии на кабини.

Бидејќи не веруваме во компромиси: најдобри кабини за Вашите задачи

Благодарение на ширината од 2500 mm и 2300 mm, како и должината од 2300 mm која е подолга во однос на својот претходник, Actros ги нуди следните верзии на кабини GigaSpace, BigSpace, StreamSpace и ClassicSpace, чија задача е да ги исполнат разновидните барања за просторност, опременост и удобност.

Исполнување на секоја мисија

Bкупно 5 облици на покрив се достапни, како и две различни ширини и висини на кабината и дури 11 варијанти на кабината. Сите тие нудат одлични услови при возење на долги релации. Бројни опции на дополнителна опрема се достапни за сите кабини кои го чинат работниот и просторот за живеење уште поудобен и индивидуализиран.

CompactSpace

CompactSpace кабината е со ширина од 2300 mm, рамен покрив и висина на тунел на моторот од 170 mm или 320 mm, кои се совршени за вршење транспорт.

ClassicSpace

ClassicSpace кабината е со ширина од 2300 mm и висина на тунел на моторот од 170 mm или 320 mm и е наменет за транспорт на регионални долги релации. Опциски е достапен со нивоа на подот.

StreamSpace

StreamSpace кабината е со ширина од 2300 mm о е дизајнирана за користење од страна на еден возач при транспорт на национални долги релации. Со варијанти за висина на тунелна моторот од 170 mm или 320 mm, опциски е достапен и со континуирано ниво на подот. Како резултат на тоа, димензија на висината до таванот на покривот е исклучително добра и изнесува 1.97 m, и кабината поседува 100 l поголем волумен и 70 l поголем капацитет на складирање, во однос на својот претходник.
StreamSpace кабината исто така е достаона со ширина од 2500 mm – обезбедува поголема слобода на движење и простор за складирање при транспорт на долги меѓународни релации. Оваа кабина воедно овозможува и пониска потрошувачка на гориво поради понискиот коефициент на отпор на воздух. Во споредба со другите кабини на Actros, оваа кабина нуди најдобар сооднос меѓу аеродинамичноста и удобноста.

BigSpace и GigaSpace.

BigSpace кабината со ниво на подот и висина до таван на покрив од 1,99 м, како и ширина од 2500 мм е совршено решение за меѓународни рути. Се карактеризира со голема слобода на движење и мноштво на простор за складирање, дури 5700 литри ватрешен простор и 890 литри капацитет за складирање.


GigaSpace кабината нуди повеќе простор и удобност. Дизајнирана е за долги меѓународни патувања и нуди оптимален капацитет на складирање за да се излезе пресрет на барањата на двајца возачи. Со 920 литри повеќе простор, 50 литри повеќе капацитет за складирање, како и исклучителна димензија на висината до таванот на покривот од 2,13 м, обезбедува импресивно чувство за просторност.