

Новиот SLS AMG Mercedes-Benz е фасцинантно возило што на прв поглед ќе го зароби срцето на љубителите на автомобили.
"Нашите клиенти ќе уживаат во SLS AMG кое е резултат на повеќе од 40 години искуство во Mercedes-AMG мотоспортот - како и фасцинантниот дизајн карактеристичен за Mercedes-Benz брендот" тврди Волкер Морнинвег, директор на управниот одбор на Mercedes-AMG GmbH.
Новиот Mercedes-Benz SLS AMG е комбинација на уникатениот дизајн, супериорната динамичност, безбедноста и легендарната секојдневна практичност својствена за Mercedes. Идеалната распореденост на тежината (47:53 проценти, помеѓу предната и задната оска) и нискиот центар на гравитација го потенцираат спортскиот концепт на возилото.

| Контактирајте го Вашиот Mercedes-Benz дилер во врска со цените. |
