


Виртуелно ниедна друга област не не инспирира толку да постигнуваме конзистентно импресивни резултати одошто безбедноста. Поминавме важна пресвртница во безбедноста во текот на 50-те со развојот на безбедносната ќелија за патниците, пронајдок на Béla Barényi. Денес таа е само една од многуте компоненти на PRO-SAFE™, интегрален безбедносен концепт кој не приближува се повеќе кон нашата визија за возење без несреќи.
PRO-SAFE™ автомобилската безбедност ја овозможува во четири фази: во фазата на безбедно возење, возилото му помага на возачот брзо да ги идентификува критичните ситуации и да се справи со нив безбедно. Во втората фаза, во случај на опасност, голем број превентивни мерки можат да бидат активирани за намалување на ризикот од повреда. Во случај на несреќа, патниците можат да извлечат корист од ефективната заштита обезбедена од сеопфатниот систем за пасивна безбедносност. По несреќата стапуваат на сцена други мерки пр. олеснување на спасувањето.

| Контактирајте го Вашиот Mercedes-Benz дилер во врска со цените. |