


Пасивната безбедност ги опфаќа сите мерки кои се создадени да понудат заштита при несреќа. Такви примери се потпирачите за глава NECK-PRO, стандардна особина на предните седишта: кога сензорот детектира удар од назад, тој го турка потпирачот за глава напред за неколку милисекунди за да го намали растојанието меѓу него и главата на патникот.
Стандардно S-Class е опремена со осум воздушни перничиња, во кои спаѓаат прозорските воздушни перничиња чија што зона на заштита го покрива целокупниот простор на страничните прозори, а особен развоен напор е вложен во сензорите кои ги активираат предните воздушни перничиња. Перформансите на системот за задржување е подесен на предниот патник врз основа на функцијата на класификација на патникот. S-Class утврди нов тренд во безбедносната технологија: сензорите за притисок, кои за прв пат се употребени кај Mercedes-Benz, S-Class. Ако вратата се деформира при страничен судир, зголемувањето на воздушниот притисок меѓу таблите на каросеријата и внатрешноста на вратата го регистрираат сензорите за притисок, кои му помагаат на контролниот уред при активирање на страничните воздушни перничиња и прозорските воздушни перничиња.
Понатаму, другите учесници во сообраќајот исто така се заштитени со помош на рамните површини на каросеријата и нејзините одлично програмирани карактеристики на развлекување (попуштање).

| Контактирајте го Вашиот Mercedes-Benz дилер во врска со цените. |