


Кога за прв пат Mercedes-Benz го обелодени PRE-SAFE® во 2002, примарна цел беше да се справи со проблемот на непроценливите секунди кои се губат напразно пред да се случи несреќата. PRE-SAFE® овозможува високо ефективно користење на ова време. Сензорите во срцето на ESP® и BAS системите ги детектираат критичните возачки ситуации како што се над-управувањето или под-управувањето, критичните движења при управувањето, принудното кочење и застанување при опасност. Кај S-Class, PRE-SAFE® дополнително е поддржан од мал број сензори на DISTRONIC PLUS (додаток по избор).
PRE-SAFE® електрониката ја проценува оваа информација и, во критични опасни ситуации, иницира превентивни мерки за заштита на патниците: седиштето на предниот патник може да се стави во најповолна позиција, страничните прозори и опцискиот лизгачки сончев покрив можат да се затворат а сигурносните појаси да се затегнат. Покрај тоа, коморите во страничните перници на опциските повеќе контурни седишта можат да се наполнат со воздух за да обезбедат повеќе простор меѓу седиштето и страничниот ѕид (со што патниците ги следат движењата на возилото подобро).
PRE-SAFE® кочницата може да обезбеди дополнителна помош, уште повеќе да ја намали брзината на ударот, а со тоа и тежината на несреќата. Кога е детектирана опасноста од судир возачот е предупреден не само звучно и визуелно, туку и преку неговото чувство за допир. Така PRE-SAFE® ја нагласува тенденцијата на Mercedes-Benz да обезбеди поголема безбедност на патот со иновативните технологии.

| Контактирајте го Вашиот Mercedes-Benz дилер во врска со цените. |