


Голем број несреќи почнуваат пред стварниот судир: со губење на концентрација, слаба видливост или опасности кои не можат да се предвидат. Затоа ја опремивме S‑Class со голем број безбедносни системи кои го подобруваат релаксираното возење и ви помагаат да ги ставите под контрола критичните ситуации.
Ова е веднаш очигледно по исклучителниот ергономичен стајлинг на ентериерот во кој секој прекинувач и функција е едноставен за користење. Благодарение на интелигентните системи како COMAND или LINGUATRONIC гласовно-управуван контролен систем кој го има како опциски додаток, не треба дури и да ги тргате рацете од управувачот. Управувањето на климата и комфорот на седење исто така му олеснуваат на возачот, како и прецизно-подесената каросерија.
Има над 60 електронски помагала кои ви помагаат додека возите. Тие предупредуваат кога што е потребно - како што е мониторинг системот за притисок во гумите - или ви даваат помош кога е потребно. Можеби најважна од сите е Програмата за електронска стабилност ESP®. Овој систем, кој може да го стабилизира автомобилот ако постои ризик од занесување, прв пат е виден кај Mercedes. Системите на кочење кои инкорпорираат Помош при кочење или опциски BAS PLUS систем исто така стануваат се повеќе интелигентни и сега можат да го намалат растојанието на застанување (кочење) во голема мера кога е тоа најважно. Со DISTRONIC PLUS исто така возачот е предупреден кога е потребно силно кочење ако ситуацијата стане сериозна.
Дополнителна поддршка е обезбедена со опциски Blind Spot Assist (Помош на место кое не го гледате) кој ги прави невидливите опасности видливи: тој ве информира штом има возило на место кое не го гледате повеќе од три секунди при престигнување. Една од нашите најнови достигнувања во областа на безбедноста е опцискиот Night View Assist (Помош на видливоста ноќе).Со негова помош, можете ноќе да ги откриете пречките побрзо. Тој целосно соодветствува на безбедносната филозофија на избегнување на несреќите пред тие да се случат.
Темен селски пат. Можете да предвидите дека некаде има кривина, но пред да ја забележите, заслепени сте од сообраќајот кој надоаѓа.
Помош за ноќна видливост, кој е на располагање како опција, може да ги направи критичните ситуации како оваа минато, овозможувајќи ви да гледате дури и кога фаровите кои надоаѓаат ве заслепуваат.
Тајната на помошта на ноќна видливост лежи во инфрацрвените предни светла кои го осветлуваат патот со инфрацрвено светло, кое е невидливо за човековото око. Сликата фатена од инфрацрвената камера се репродуцира во сиви сенки на интегрираниот 8-инчен мултифункционален дисплеј на инструменталната табла. Видливоста е слична на таа кога гледате преку ветробранското стакло со вклучени долги предни светла.
Помош за ноќна видливост, кој се активира кога е потребно, помага во отстранување на стресот при возење кога видливоста е слаба - без заслепување на другите учесници во сообраќајот. Тоа значи дека можете да реагирате побрзо во критични ситуации и да пристигнете порелаксирани по долгото возење ноќно време.

Ние го создадовме DISTRONIC контрола на близина во 1999 за да му ги олесниме работите на возачот. Модифицираниот систем за зголемување на комфор DISTRONIC PLUS сега дури ви помага да го одржите растојанието при сообраќај кој бара „тргни-застани“. При брзина од 0 до 200 km/h DISTRONIC PLUS користи подобрени сензори за контрола на растојанието меѓу вашиот автомобил и возилото пред вас и благо ги притиска кочниците, забавувајќи го возилото со стапка до 4 m/s² ако се намали растојанието - се додека вашиот автомобил застане ако е потребно. За да продолжите да се движите се што треба да направите е да ја повлечете рачката на темпоматот или да го притиснете акцелераторот.
Тоа значи дека опцискиот систем DISTRONIC PLUS овозможува релаксирано возење-без разлика дали сте во сообраќај со „тргни-застани“ или на автопат.
DISTRONIC PLUS сензорите исто така ги користи модифицираниот систем Brake Assist PLUS (Помош при кочење ПЛУС). кога возачот ги притиска кочниците, BAS PLUS ги проценува податоците од сензорот, ако е потребно, му помага на возачот со дополнителна сила на кочење, зависно од растојанието од возилото напред.


| Контактирајте го Вашиот Mercedes-Benz дилер во врска со цените. |