

Седнете и уживајте во најпривлечната верзија на S-Class со подолго меѓуоскино растојание. Со десет сантиметри поголем простор за нозете назад, таа нуди исклучителен комфор. Со S-Class верзијата со подолго меѓуоскино растојание, навистина не е важно каде сте тргнале на патување. Дури и работата може да биде задоволство -благодарение на таблите кои мануелно се подесуваат и се преклопуваат и кои се на располагање како опција или системот за забава на задното седиште, кој е на располагање како додаток по избор (за сите модели на S-Class).
Тој се состои од два дисплеја интегрирани во потпирачите за глава, DVD драјв, слушалки и AUX конекции и контролен уред назад. Можете да се релаксирате и да слушате музика, или да бидете во тек со тековните настани, каде и да сте.
Стандардната кожна опрема и електрично подесуваните, предни и задни седишта со грејачи го подобруваат вашиот комфор. Стандардниот подвижен (лизгачки) сончев покрив и сончеви завеси на целиот заден прозор се отвораат и затвораат со притискање на копче. Уживајте во патувањето!

| Контактирајте го Вашиот Mercedes-Benz дилер во врска со цените. |