Ново создаденото автоматско управување на климата може да биде прецизно подесено за да одговори на вашите желби. Постојат три автоматски начини: ако сакате да биде ладно но ако сте чувствителни на провев, тогаш начинот "diffuse" (раширување) е вистински избор за вас. „Медиум“ е посилно додека начинот „концентриран“ го концентрира воздухот во специфични простори во ентериерот. Температурата во просторот за нозете може да се подеси на внатрешната температура - две нивоа поладно или потопло - како што сакате.
Исто така може да ја поставите температурата и брзината на дување поединечно за страната на возачот и предниот патник или да го прифатите подесувањето за возачот за целиот ентериер.