


За да направиме дури и најдолгиот престој во S-Class да биде незаборавно искуство, направивме уште подобрувања на повеќе контурните седишта кои се како опција. Покрај воздушните комори во лумбалниот предел на потпирачот за грб, сега можете да го прилагодите пределот за рамена на потпирачот за грб заедно со страничните перници, за да го направите седиштето да ви одговара како ракавица. Индивидуалните зони можат прецизно да се подесат со користење на COMAND системот. Кај S 600 (а по избор кај другите модели) луксузните потпирачи за глава NECK-PRO со две флексибилни, индивидуално подесувачки странични перници овозможуваат посебно добро странично потпирање.
Повеќе контурните седишта исто така имаат функција за позиционирање PRE-SAFE®. Во критични возачки ситуации, седиштата се враќаат во оптимална позиција а воздушните комори се полнат, така овозможувајќи стабилизирачко, заштитно обвиткување со перници на патникот на седиштето.
Опциското динамично повеќе контурно седиште исто така се карактеризира со индивидуално подесување, а страничните перници на потпирачот за грб, а сега и на перницата на седиштето, се полнат со воздух на кривините-правејќи го возењето пријатно дури и патишта со многу кривини. Комфорот е уште повеќе подобрен со луксузните предни потпирачи за глава со сензор (додаток како опција) - висината, аголот и страничните делови можат да бидат подесени за да ги задоволат вашите барања.
Штом удобно ќе седнете можете да се релаксирате и да уживате во функцијата за масажа: седум комори за масажа и четири различни начини на движење за стимулирање на мускулите на грбот. Тоа исто така е карактеристика на опциските повеќе контурни задни седишта со функција за масажа.
[1] Including PRE-SAFE® positioning function.

| Контактирајте го Вашиот Mercedes-Benz дилер во врска со цените. |