Модифицираниот COMAND control и дисплеј системот во S-Class сега е уште поергономичен.
COMAND контрол и COMAND функционалните копчиња се позиционирани на централната козола за да Ви бидат на дофат. Сите значајни информации се покажуваат на COMAND дисплејот со висока резолуција од 8 инчи, додека TFT мониторот во боја е позициониран во видното поле на возачот.
COMAND функционалните копчиња Ви служат за подесување на функците кои се од секојдневна употреба, овозможувајќи Ви брз пристап до радио/DVD/CD телефон и навигацискиот систем.