


Стандардната опрема за M-Class опфаќа двостепени предни воздушни перничиња, странични воздушни перничиња од напред и прозорски воздушни перничиња. Задните страничните воздушни перничиња ги има како опција. Воздушните перничиња се активираат селективно, што значи дека во случај на страничен судир, се активираат само воздушните перничиња на страната на ударот. При фронтален судир, се активираат предните воздушни перничиња во две фази, зависно од сериозноста на ударот.
Ако предното седиште за патник е празно, сензорот за зафатено седиште може да го спречи активирањето на предното воздушно перниче и страничното воздушно перниче за предниот патник. Ако детското седиште со транспондер на Mercedes-Benz е монтирано на предното седиште за патник, автоматското препознавање на детско седиште, кое го има како опција, може да го спречи активирањето на предното воздушно перниче.
Дополнителниот сензор за превртување во контролниот уред на воздушните перничиња може да ги активира сите затегнувачи на сигурносен појас и двете прозорски воздушни перничиња во извесни ситуации на превртување.
Во случај на сериозен страничен судир, прозорските воздушни перничиња и страничните воздушни перничиња нудат дополнителна заштита. Прозорските воздушни перничиња се спуштаат како завеса која се надува меѓу А и Б-столбот, така овозможувајќи дополнителна заштита на патниците во предниот и задниот дел.
Системот на потпирачи за глава NECK-PRO кој е дизајниран да го намали ризикот од повреди на кичмата од нагло движење на главата, го има на располагање како опција за предните седишта. NECK-PRO е целосно интегриран во предните потпирачи за глава и го ублажуваат движењето на главата однапред во случај на судир во задниот дел. Ако сензорите регистрираат удар, тие ја олабавуваат однапред затегнатата опруга која може да ги турне потпирачите за глава напред и назад. Потпирачите за глава можат рачно да се вратат во нивната оригинална позиција.
PRE-SAFE®, на располагање како дополнителна опрема за M-Class активира превентивни мерки во одлучувачки моменти пред да се случи несреќата. Ако сензорите препознаат ситуации на принудно кочење или тешко над-управување или под-управување, PRE-SAFE® гарантира дека сигурносните појаси на предните седишта се затегнати од тензионерите како мерка на претпазливост а седиштето на предниот патник се поместува во подобра положба за да се справи со ударот (ова функција ја има на располагање само заедно со меморискиот пакет). Ако над-управувањето или под-управувањето доведе до превртување сончевиот покрив (ако има) автоматски се затвора. Кога опасноста ќе помине, затегнатоста на сигурносните појаси се олабавува а предното седиште за патник и сончевиот покрив тогаш можат да се вратат во нивната оригинална положба.

| Контактирајте го Вашиот Mercedes-Benz дилер во врска со цените. |