


M-Class ве држи на правиот пат: стандардниот контролен систем за динамично ракување 4ETS/ESP® ви помага на асфалт и на планински терен, интервенирајќи во критичните ситуации, на пример со селективно кочење на поедини тркала за стабилизирање на возилото. За дополнителна активна безбедност, системот за кочење со анти-блокада (ABS) и контрола на занесување при забрзување (ASR) се интегрирани во 4ETS/ESP® .
Ако вашата M-Class е опремена со Систем на Aктивно Светло, кој го има како опција, предните светла bi-xenon го следат вашето управување. Ова значително го подобрува осветлувањето на кривини, на тој начин овозможувајќи ви да го следите текот на кривината и сите пречки во порана фаза.

| Контактирајте го Вашиот Mercedes-Benz дилер во врска со цените. |