


Уживањето од возењето M-Class продолжува долго откако сте го напуштиле асфалтот. Едноставно притиснете го стандардниот прекинувач Off-road и целиот електронски систем е спремен за возење на планински терен со дополнителна влечна сила. Ако едно од тркалата пролизга на патот, системот 4ETS/ESP® ја дели силата меѓу другите тркала. Постојаниот погон на сите тркала има дополнителни функции кои ја потврдиле нивната вредност при патување на веќе трасирана стаза. Регулирањето на брзината на надолница (DSR) ја одржува брзината под контрола, додека помошта при тргнување на рид овозможува тргнувањето на стрмен рид да биде лесно како возењето на прав пат. Дури ни реките не можат да ја запрат M-Class – нејзината длабочина на газење изнесува 500 mm. Ако сакате да тргнете дури и по најекстремен терен, ви препорачуваме Off-Road Pro инженеринг пакет, кој го има како опција.

| Контактирајте го Вашиот Mercedes-Benz дилер во врска со цените. |