


Каков комфор навистина нуди автомобилот најдобро може да се почувствува во тешки ситуации-на пример при стрмно спуштање на планински терен. Кај M-Class не треба да го трошите времето да се сконцентрирате на фино избалансираните кочници, преносот и забрзувањето се со цел да се симнете безбедно на рамнина. Регулацијата на брзина при спуштање се грижи за тоа наместо вас. Доволен е еден допир на копчето и М-Class ja одржува утврдената брзина за спуштање. А ако тргнувате на нагорнина, тука е помошта за тргнување на рид. Се што треба да направите е да притиснете на акцелераторот - кочниците не се ослободени се додека не го направите тоа вие.
За комфор при спортско возење, DIRECT SELECT копчиња кои се наоѓаат на управувачот овозможуваат менување на брзините со врвот на прстот. Понатаму со пакетот AIRMATIC (стандарден кај ML 420 CDI, ML 500 и ML 63 AMG и на располагање како опција за сите други модели) кој содржи воздушна суспензија и адаптивен амортизациски систем (ADS), нерамните патишта стануваат комфорни како тркачка писта.

| Контактирајте го Вашиот Mercedes-Benz дилер во врска со цените. |