

E-Class не постави нови стандарди само со дизајнот, туку и со комфорот и безбедноста. Покрај multicontour седиштата со функција за масажа, E-Class стандардно е опремена и со ATTENTION ASSIST.

Новиот E-Class Estate ја комбинира елеганцијата на лимузината со функционалноста и просторните димензии на караванот. Со волумен на товарен простор од 1950 l и бројни безбедносни карактеристики тој е одличен партнер за секој ден.

Заводливата линија на E-Class Coupé е благодарение на Б столбот што недостасува, а нејзината спортска елеганција е резултат на дизајнот.

