

Динамичноста на новото CLC Sports Coupé е веднаш забележлива по негoвиот дизајн: формата на стрела му дава изглед на постојана динамичност а погледот на шасијата Ви буди неверојатно спортско чувство, додека пак атлетската форма на предните крила со страничните отвори за воздух и големата Mercedes ѕвезда на средината на решетките на предната маска индицираат на брзина. Стандардните хромирани лајсни на браниците крилата и вратите креираат атрактивен контраст со темната боја на екстериерот, а алуминиумските бандажи го истакнуваат спортскиот дизајн.
Динамичниот дизајн може да биде надополнет со дополнителниот спортски пакет.

| Контактирајте го Вашиот Mercedes-Benz дилер во врска со цените. |





