

Возење кое ви овозможува да се сконцентрирате на патот не е само луксуз, туку е главна безбедносна карактеристика. Се почнува со добро дизајнираниот простор за возачот: новата возачка табла е хоризонтално структурирана а дисплејот за радио или навигациски систем е поставен повисоко во споредба со претходниот модел. Инструменталната табла е поставена во непосредното видно поле на возачот и дава информации за клучните оперативни параметри. Дополнителниот COMAND system исто така опфаќа дисплеј со електрично повлекување.
Зависно од верзијата на опрема, може да ги користите копчињата на мултифункционалниот управувач за контрола на различни функции додека двете раце ви се на управувачот, а со функцијата KEYLESS-GO (СТАРТУВАЊЕ БЕЗ КЛУЧ) како опција, можете да возите дури и без да го свртите клучот за палење.
Пријатната атмосфера во возилото доаѓа од THERMATIC автоматско регулирање на клима со две-зони која е монтирана како стандардна во новата C-Class. Како дополнителна опрема, можете да изберете автоматско регулирање на луксузна клима THERMOTRONIC со три зони која овозможува температурата во задниот дел на возилото за патници да се регулира независно од предниот дел.

| Контактирајте го Вашиот Mercedes-Benz дилер во врска со цените. |