


Високото ниво на безбедност е друга од моќните страни на B‑Class. Дизајнот на автомобилот се заснова на сендвич концепт. Во случај на фронтален удар моторот и преносникот (менувачот) можат да се спуштат, заедно со аглестиот под за педали, под одделот за патници.
Сендвич концептот исто така значи дека патниците имаат малку повисока позиција на седење во B-Class одошто во вообичаен автомобил. Ова не само што овозможува сестрана видливост, туку може и да биде предност при страничен судир.
Сигурносните појаси фиксирани во три точки се специфицирани како стандардни за сите пет седишта. Двете предни седишта исто така се опремени со активни потпирачи за глава, тензионери на појас и граничници на сила на појас. Двете задни седишта имаат тензионери на појас. Стандардните безбедносни карактеристики на B-Class исто така опфаќаат прилагодливи предни воздушни перничиња и странични перничиња за глава/граден кош (зголемени странични перничиња кои исто така ги штитат главите на патниците) на предните седишта.
Како дополнителна опрема на располагање има и прозорските воздушни перничиња во задниот дел. Ако автомобилот е опремен со прозорски воздушни перничиња, стандардните странични воздушни перничиња за глава/граден кош напред се заменети со вообичаени странични воздушни перничиња. Воздушните перничиња се активираат селективно, што значи дека во случај на страничен судир со специфична јачина (која е над точката на активирање) ќе се активираат само воздушните перничиња кои се на страната на ударот.
За оптимална сигурност на детско седиште, задниот дел на B-Class е опремен со ISOFIX точки за прицврстување на детско седиште со TopTether.


| Контактирајте го Вашиот Mercedes-Benz дилер во врска со цените. |